Skip to main content

„Kоцкарот“ Тонали сака да се врати во Италија

Фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали сака да се врати од Њукасл во Италија. Интерес за ангажман на Тонали пројавиле Милан, Интер и Јувентус. 

Њукасл во 2023 година плати 70 милиони евра за играчот од средниот ред, а набргу потоа тој отслужи 10-месечна забрана за обложување.

Според „La Gazzetta dello Sport“, 24-годишниот играч од средниот ред не е задоволен од својата позиција во клубот и сака да ја напушти Англија.

Оваа сезона Тонали има 13 натпревари во Премиер лигата и нема постигнато ниту еден гол.

Трансферот на Тонали од Милан во Њукасл чинеше 70 милиони евра. Платата на фудбалерот изнесува девет милиони евра по оданочување и оваа сума е пречка за потенцијалните прегов