
Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, даде свое видување на ремито 1:1 со Вулверхемптон синоќа во 19. коло од англиската Премиер лига.
– Беше чуден натпревар. Знаевме дека ќе биде сосема поинаков меч во споредба со оној со Њукасл. Денес требаше да бидеме покреативни во создавањето шанси. Се мачевме во првото полувреме. Се обидовме, но ни недостасуваше квалитет. Треба да ја собереме нашата сила за следниот натпревар. Нема да го користиме отсуството на играчи како изговор. Денес не беше наш ден. Се обидовме да создадеме бројчена предност на едната страна, но во Премиер лигата ви е потребна игра еден на еден. Немаме играчи кои можат да играат на крилата – се обидовме да го оптовариме центарот, но не успеавме, изјави Аморим за „Би-би-си“.
Манчестер јунајтед има 30 бода и е шести на табелата во Премиер лигата. Вулверхемптон е последен со три бода

Македонски






