
Младиот англиски репрезентативец Џоб Белингем (19) чекори по стапките на својот постар брат Џуд и летово би можел да направи профитабилен трансфер во некој од гигантите од Премиер лигата, објавија денеска британските медиуми.
Џоб Белингем зад себе има две одлични сезони во второлигашот Сандерленд, кој на десет кола до крајот на регуларниот дел од сезоната во Чемпионшип го држи четвртото место кое води во плеј-офот за место во Премиер лигата.
Џоб, како и неговиот постар брат, потекнува од младинската академија на Бирмингем од каде се пресели во Сандерленд во јули 2023 година за 1.75 милиони евра. Младиот играч за врска на Сандерленд минатото лето го продолжи договорот со својот клуб до јуни 2028 година.
Но, сега погледите кон него ги имаат Челзи, Тотенхем, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд.
Од Бирмингем Сити како тинејџер замина и Џуд Белингем во германска Борусија, од каде во летото 2023 година за 113 милиони евра се пресели во Реал Мадрид