
– Фудбалерот на Барселона, Маркус Рашфорд, беше изоставен од почетната постава на натпреварот со Хетафе (3:0) во петтото коло од шпанската Ла Лига од дисциплински причини, според „Мундо Депортиво“.
Според извор, се очекувало 27-годишниот Англичанец да започне, но влегол во игра само во второто полувреме поради доцнење на состанок на тимот. Рашфорд на крајот му асистираше на Дани Олмо.
Напаѓачот е позајмен во Барселона од Манчестер јунајтед. Тој има шест настапи за Каталонците, постигнато два гола и една асистенција.
Барселона има 13 бода и е втора на табелата, два бода зад Реал Мадрид. Хетафе е на осмото место со девет бода.