Skip to main content

Дербито во Премиер лигата за Манчестер Сити, Ливерпул надигран

Фото: Freepik

Екипата на Манчестер Сити славеше убедлива победа од 3:0 во дербито од 11.коло од Премиер лигата против Ливерпул. Со новите три бода „граѓаните“ се вратија на втората позиција на табелата.

Дуелот почна со промашениот пенал на Ерик Халанд во 13.минута, а неговиот удар го одбрани голманот на Ливерпул Гиорги Мамардашвили. Халанд неколку минути се запиша во листата на стрелците со голот во 29.минута. Во 38.минута Ливерпул постигна гол кој беше поништен поради офсајд позиција.

Манчестер Сити во судиското надополнување на првиот дел (45+3) го зголеми водството на 2:0 го погодокот на Нико. Конечните 3:0 ги постави најдобриот играч на дуелот Џереми Доку во 63.минута.

На другите денешени дуели беа постигнати следниве резултати: Астон Вила – Борнмут 4:0, Брентфорд – Њукасл 3:1, Кристал Палас – Брајтон 0:0 и Нотингем Форест – Лидс 3:1.

Арсенал е лидер со 26 бодови, пред Манчестер Сити со 22, а Челзи е трет со 20. 

Поврзани вести