Skip to main content

Дебакл: Данците ja победија Македонија со 4-0

Фудбалската селекција на Македонија претрпе убедлив пораз од Данска (4-0) на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, во полуфиналниот бараж за Светското првенство. Клучниот момент на мечот се случи веднаш по паузата, кога домаќинот во само десет минути целосно го реши прашањето на победникот.

По израмнето прво полувреме, Данците ја покажаа својата спортска моќ од вториот дел.

Дамсгард го отвори резултатот во 49-тата минута, а потоа се најде и во улога на асистент при вториот гол, кога го проигра Исаксен во 58-тата минута. Само шеесет секунди подоцна, истиот играч повторно беше прецизен и зголеми на убедливи 3-0.

Конечниот резултат го постави Норгард, кој со удар со глава ја запечати победата.

Поврзани вести