Во духот на германската економија и начинот на водење бизнис, Борусија Дортмунд реши рационално да ги троши парите за време на претстојниот преоден рок, а локалниот дневен весник „Билд“ објави конкретна бројка – 15.000.000 евра.
Има и многу специфична причина за заклучување на касата, а тоа е наводниот минус од 46.500.000 за време на летниот фудбалски пазар, кога за влезните трансфери на играчите се даваше повеќе отколку што беше заработено од продажбите на „ милионерите“.
Затоа, тренерот Нури Сахин знае со што располага, па со колегите и со останатиот спортски сектор треба да процени колку може да се „отвори“ за некој новајлија. Приоритет е дефанзивец, по можност разноврсен. Односно да се биде некој кој може да покрие две позиции во бековската линија, а притоа да биде во добра форма и способен брзо да се прилагоди на нов тим и различна средина.
По 15. коло во германското фудбалско првенство, Борусија Дортмунд е на шестото место, со 25 бода, повеќе нерешени (4) и порази (4) од победи (7), што навестува потреба од освежување на теренот