
Тренерот на Боде-Глимт, Кјетил Кнутсен, го оцени пласманот во осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони како голем успех.
Боде синоќа го победи Интер со 2:1 во реваншот од плејофот на Лигата на шампионите и со вкупни 5:2 избори пласман во следната рунда на елитното фудбалско натпреварување.
– Јасно е дека во првото полувреме изгледавме малку исплашено и нервозно. Боде играше добро во одбраната, но едноставно не се осмеливме да направиме ништо со топката, постојано ја дававме. Прекрасна вечер и голем успех за клубот, навивачите и норвешкиот фудбал, изјави Кнутсен по натпреварот.
Боде-Глимт се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе игра или против Манчестер сити или против Спортинг. Противникот ќе биде одреден со ждрепката в петок (27 февруари)

Македонски



