Бобан Бабунски е нов тренер на Беса 1976, соопштија од клубот.
Постигнавме договор со познатиот тренер Бобан Бабунски. Веруваме дека ќе внесе позитивен дух и нова енергија во нашиот тим, помагајќи ни да ги оствариме нашите цели за новата сезона. КФ Беса го поздравува тренерот Бабунски и му посакува успех на нашиот клуб!, стои во соопштението.
Бабунски на овој начин се враќа во Првата македонска фудбалска лига, откако претходно ги водеше Вардар, Работничии и Шкупи.
По 18 кола во ПМФЛ, Беса се наоѓа на 10. позиција на табелата.