
Фудбалската репрезентација на Македонија на почетокот на септември ја очекуваат два натпревари, пријателски против Саудиска Арабија во Чешка, а потоа и квалификациски дуел за СП 2026 со Лихтенштајн на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Селекторот Благоја Милевски информира дека неколкумина играчи не се повикани поради проблеми со клубовите, а дел и од оние што се на списокот имаат слични ситуации.
За жал, не можеме да сметаме на Агон Елези поради повреда на рамото. Овојпат не се повикани Ашковски, Манев и Бојан Димовски поради ситуацијата со нивните клубови. Се надевам дека ќе се стабилизираат и повторно ќе се вратат во националниот тим“, истакна Милевски.
Селекторот се осврна и на двајцата дебитанти, Решат Рамадани од Шкендија и Елмин Растодер од Тун .
Што се однесува до нив, Решат Рамадани сам се наметна со своите игри за Шкендија во европските купови. Има квалитети и сметаме дека е потребен за тимот. Со Елмин Растодер се надеваме дека ќе добиеме квалитетен играч кој ќе ја зголеми конкуренцијата во нападот. Тој игра одлично за Тун во швајцарското првенство“, додаде селекторот.