Skip to main content
SnwexfutQHU

Барселона ќе биде супер силна, доаѓа Нико Вилијамс

 Шпанскиот фудбалски гигант Барселона постигна договор за личните услови со крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, но сè уште има пречки што треба да се надминат за да се реализира трансферот, објави денеска британскиот сервис Би-Би-Си.

За Нико Вилијамс ова лето интерес покажуваат и Арсенал и Баерн Минхен, но 22-годишниот шпански репрезентативец се согласи на шестгодишен договор со Барселона, во кој треба да му се придружи на блискиот пријател и соиграч од репрезентацијата, Ламин Јамал.

Би-Би-Си наведува дека Вилијамс го замолил Јамал да му помогне да ја оствари својата желба да се пресели во Барселона.

Претходно ова лето, Барселона ја разгледуваше можноста да го доведе крилниот напаѓач на Ливерпул, Луис Дијаз, но се откажа поради високата отштета што ја одреди англискиот клуб од 80 милиони фунти.

Од друга страна, откупната клаузула на Вилијамс во неговиот договор со Атлетик Билбао е околу 53 милиони фунти, но каталонскиот клуб посочи дека е подготвен да ја активира клаузулата