
Македонската фудбалска репрезентација попладнево (почеток 18 часот) е домаќин на Лихтенштајн во рамки на квалификациите за СП 2026. Нашиот национален тим ја има улога фаворит, но секогаш најтешко е тогаш да се стигне до победата. За тоа се свесни и во нашиот табор.
– Мислам дека ќе имаме тежок натпревар, така беше и во Вадуц додека не го отворивме резултатот. Сите сме свесни што нè очекува, направивме анализа и знаеме што треба да поправиме. Подготвени сме за дуелот, а три бода можат многу да ни значат за да го завршиме овој прозорец на првото место. Секогаш кога играме за Македонија мотив не е потребен, победата е нашата единствена цел, изјави капитенот Енис Барди.
За нашата репрезентација ова ќе биде единствен натпревар од квалификациите во овој „прозорец“, а до крајот остануваат да се одиграат уште натпреварите во октомври со Белгија (гости), со Казакстан (дома) и во ноември со Велс (гости)