
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот ги искажа своите впечатоци по синоќешниот пораз (0:3) од Кристал Палас во осминафиналето на Лига купот на Англија.
– Не се повлекувам од мојата одлука по натпреварот. Дури и со нашите главни играчи, ќе се мачевме да постигнеме резултат против Кристал Палас. Го видов почетниот состав на Манчестер сити, а тие немаа ниту еден играч од викендот, но се чувствуваше како да се подобриот тим.
Во Ливерпул, мора да се победува на секој натпревар. Ако сте во низа лоши резултати, без разлика дали играте за Ливерпул или го водите Ливерпул, тогаш секако има притисок. Не мислам дека многу се променило од тој пораз, изјави Слот за „Би-би-си“.
Ливерпул загуби шест од последните седум натпревари во сите натпреварувања.
Кристал Палас ќе се соочи со Арсенал во четвртфиналето на Лига купот. Натпреварот ќе се одржи на 16 или 17 декември

Македонски








