
Овојпат 4 вечери и 9 концертни настапи не чекаат. Тука е и придружната програма, арт колонијата и гитарската работилница со Јаниз Павеза, кој последнава година беше на турнеја во Азија и Европа. Три промоции на албуми, интересни Македонски проекти од нашата блуз сцена, кои секогаш ги подржуваме, легендарен блуз гитарист од Англија и Американски добитник на Греми се обележја на ова издание на фестивалот.
Hamilton Loomis e добитник на Греми и настапувал на најдобрите блуз фестивали низ светот. Друг концерт во регионов нема, специјално доаѓа во Скопје за Cotton Blues Festival.
Norman Beaker е легенда на Британската блуз сцена и член на Blues Hall of Fame. Досега има настапувано со BB King, Jack Bruce, Chris Farlowe, Alexis Corner, Graham Bond, Eric Burdon, Paul Jones, Buddy Guy, Jon Lord, Chuck Berry, Tony Ashton…
Tony Holiday е познат на Скопската блуз публика и ова е втор пат што доаѓа во нашава земја. Тој доаѓа со негов бенд и ќе настапи со познати блуз класици, како и материјал од неговите соло албуми.
Фестивалот го отвара одличниот Иги Мен Квартет, со еден специјален гостин, а тоа е Ади Имери.
Концертите ќе се одржат во Русти, а билетите се веќе пуштени во продажба.

Македонски








