Skip to main content

Сашо Гигов- Гиш ќе добие награда за безвременски хит на Охрид фест и ќе ја испее „Самовилска свадба“

Сашо Гигов- Гиш ќе добие награда за безвременски хит на фестивалот Охрид фест- Охридски трубадури за песната „Самовилска свадба“ која ја испеа на Скопскиот фестивал во 1998. Таа година, на Скопскиот фестивал се избрираше првиот македонски претставник за Евровизија која се одржа во Бирмингем, Англија. „Самовилска свадба“ чии автори се Григор Копров и Јордан Данаиловски го освои второто место. Победи Владо Јаневски со „Не зори зоро“, исто така песна на Копров, што го направи првиот македонски претставник на Евровизија. Интересно е што таа година првите три места ги земаа песни чија музика ја напиша Григор Копров. Победи Владо Јаневски, Гиш беше втор, а третото место го освоија Дуле и Коки со песната „Дај ми шанса“.

Искрено ќе кажам дека таа вечер бев среќен и несреќен. Ми беше драго што победи Владо и неговата голема популарност. Но, несреќен бев што не победи Гиш, зашто знам дека со ‘Самовилска свадба’ на Евровизија ќе направевме лом. Со самата песна, вокалот и имиџот на Гиш имавме нешто многу уникатно. Таа песна остана евергрин и драго ми е што ќе ја слушнеме на Охрид фест“, вели директорот на фестивалот Григор Копров.

Охрид фест ќе се одржува во две вечери на сцената на „Долни Сарај“ во Охрид. На 29 август е фолк вечерта, а на 30 Интернационалната вечер. Оливер Мандиќ ќе добие награда за бесвременски хит за песната „Питају ме питају“, а менаџерот Рака Мариќ ја особен менаџерски придонес во популарната музика. Фото: Јутјуб принтскрин

Поврзани вести