Skip to main content

Раде Шербеџија со својот бенд Западни колодвор доаѓа на концерт во Филхармонија

Еден од најхаризматичните уметници на овие простори, Раде Шербеџија, заедно со својот бенд Западни колодвор, доаѓа во Скопје на 23 јануари 2026 година, на концерт во Филхармонија, кој носи вечер на силни емоции, поезија, музика и сеќавања.

Раде Шербеџија со децении гради единствен уметнички свет во кој театарот, филмот, поезијата и музиката природно се преплетуваат. Неговите концерти не се само музички настапи – тие се интимни средби со публиката, приказни за љубовта, загубата, слободата, носталгијата и човечката судбина, раскажани со глас што носи искуство и вистина.

Специјални гости на концертот ќе бидат групата Skopje Via, со кои Раде Шербеџија неодамна ја сними песната „Кога умира љубовта“. Токму оваа песна премиерно ќе биде изведена во живо на овој концерт во Филхармонија, правејќи ја вечерта уште поособена и единствена.

На репертоарот ќе бидат песни што го одбележале неговиот музички опус, но и стихови од големи поети, кои ги интерпретира на нему својствен, ненаметлив и длабоко емотивен начин. Репертоарот опфаќа авторски композиции, балади, шансони, песни за сите генерации, како и неизбежни моменти на импровизација и спонтан дијалог со публиката.

Поврзани вести