Skip to main content

Оваа недела не е во ред да пееме: Владо Георгиев го помести својот концерт во Скопје за 24-ти април

Владо Георгиев својот концерт во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје закажан за 20 март (петок), го помести и го презакажа во нов термин, за 24-ти април. До поместување на концертот дојде заради, како што самиот Владо вели, „пропуст на неговиот организационен тим“ кој не бил информиран дека во седмицата кога требаше скопскиот концерт да се одржи се паѓа годишнината од катастрофата во Кочани.

Оваа недела не е во ред да пееме. Барем јас така мислам. Се извинувам, ама навистина не е во ред. Се гледаме на 24 април, ве чекам онака, господски“ – и порача Владо Георгиев на својата македонска публика во кусaта изјава при неговиот вчерашен престој во Скопје.

На сето тоа денот на самиот концерт се паѓал на верскиот празник Рамазан Бајрам, што за пејачот било дополнителна причина за поместување на неговото одржување за 24-ти април.

Со нетрпение го очекуваме доаѓањето и настапот на Владо Георгиев во Скопје и се извинуваме за поместувањето на концертот. Ви ветуваме незаборавна забава и вечер за која долго ќе се зборува“ – порачуваат организаторите со напомена дека: – Купените влезници ќе важат и за новиот датум – 24 април.

Оние што сакаат сепак да ги вратат купените влезници, односно бараат поврат на средствата од купените влезници, повратот ќе се врши на местото каде што влезницата е купена. Електронските влезници преку сајтот на www.ddtickets.com со тоа што ќе треба да се испрати барање на на овој е-меил: [email protected] и наведе бројот на трансакцијата. Поврат на средствата за влезниците кои се физички купени на одредено продажно место се врши на самото место каде што влезницата е купена.

Поврзани вести