Skip to main content

Започна првиот фестивал „Еволуција на сонот“ во Општина Ѓорче Петров

Вчеравечер, 11.09.2025, започна првиот фестивал „Еволуција на сонот“, кој се одржува во паркот на Општина Ѓорче Петров. Фестивалот ќе трае до 13 септември, а влезот е слободен.

На маргините на Атлантикот и Медитеранот, во паркот во Ѓорче Петров се испреплетуваа неколку уметнички патишта.

Започна со звуциуте од гитарата на Жоао Пирес и неговиот соло албум „Гуарида“, португалски музичар и композитор, кој не прошета низ звуците на португалското фадо со соноритети од Андалузија, Бразил и Кабо Верде. Со него како гостин настапи и нашиот гитарист Бојан Петков-Шамба.
По нив настапија Фиџу Кичора, проект роден помеѓу Лисабон и Кабо Верде.

Тоа не беше само музичка група: тоа беше огледало на дијаспората. Нивниот звук ги зароби спомените на оние што заминаа и никогаш не се вратија, мешајќи фунана, семба, кудуро и афро-хаус со теренски снимки и електронски пејзажи. Нивниот прв албум, „Ракоџа“ (2024), беше плач и прегратка во исто време: музика што зборуваше за корените и иднината“ – изјави Вангелица капорановиќ, гостинка од Перу со македонски корени што присуствуваше на настанот.

Од другата страна, во Полињано а Маре, Италија, растеше делото на Антонио Абатепаоло, уметник кој не беше задоволен само со еден јазик. Скулптор, дизајнер, фотограф, изведувач и диџеј. Заедно со уметничките видео перформанси на Жозе Белантуоно и Жоао Рапозо создадоа искуства што ги спојуваат светлината, формите и звуците. Во нивните инсталации и сценографии, музиката беше опиплива.

„Така, од Бразил, Капо Верде и Лисабон до Пуља и Медитеранот, уметниците покажаа дека уметноста може да биде и мост и засолниште: место каде што коегзистираат сеќавањето и иновацијата, каде што звуците и сликите градат засолниште за сите оние што бараат идентитет и убавина.“

Атмосферата беше надополнета со уметничките дела на младите уметници Душан Цветков и Никола Тренов и нашиот постар уметник Слободан Живковски.

Фестивалот продолжува вечерва и утре со богата програма. Посетителите ќе може да уживаат во настапите на:

12.09.2025 – Петок: Графити-перформанси и DJ сетови на Double G, Oky Doky, Аце КН и други. Атмосферата ќе биде збогатена со 3х3 фудбал и други урбани активности.

13.09.2025 – Сабота: Концерти на Џун и Пијан Славеј

Освен музичките настапи, фестивалот нуди и дополнителни содржини како уметнички инсталации и работилници, кои го прават искуството комплетно.

За сите дополнителни информации за програмата и учесниците, следете ги социјалните мрежи на фестивалот или слободно контактирајте не.

Поврзани вести