
На 15 мај, во малата сала на Филхармонија, ќе настапат тројца македонски изведувачи чии албуми ги објавува Кроација Рекордс. Code 369, група со препознатлив спој на електроника, поп и етно влијанија, ќе настапи со својот иновативен и енергичен звук.
Мухамед Ибрахими, врвен гитарист и мултиинструменталист со суптилен баланс помеѓу ориентални мотиви и современа амбиентална естетика, ќе понуди интимен музички израз.
Иван Кукиќ со Источен фронт го претставуваат кантавторскиот правец со рок интонации и текстови што ја носат урбаната чувствителност на новата македонска сцена.