
Традиционалното џез-матине на Скопскиот џез фестивал го означи почетокот на календарската година со музика и сеќавања од изминатото фестивалско издание.
Во рамки на настанот беа промовирани новите календари на Скопскиот џез фестивал за 2026 година, кои содржат фотографии од 44. Скопски џез фестивал, забележани низ објективот на фотографот Жига Коритник, а Тони Китановски Трио, кои настапија во состав: Тони Китановски (гитара), Оливер Јосифовски (контрабас) и Алек Секуловски (тапани) ја продолжија традицијата секој јануари да ги поврзат живата музика и публиката, потсетувајќи дека џезот не е само фестивалски момент, туку континуирана културна практика.

Македонски




