Денес, со почеток во 19:00 часот, во Лабораториум, ќе се одржи работилницата за пеење со Јордан Костов и Маки Хацхија.
Јордан Костов е македонски хармоникаш, пијанист, композитор, импровизатор и аранжер. Тој е немирен глобтротер кој се обидува да ја надмине конвенционалната креативна комуникација со различните светски музики. По настапите низ Балканот, Европа и САД, пресвртница во неговата кариера претставуваат неговите зачестени патувања низ Далечниот Исток (Кина, Јапонија, Виетнам…), во рамките на кои тој го гради својот препознатлив израз.
Маки Хацхија е вокалистка, пијанистка и композиторка, таа “бои” со песни и лета со “пеење”. Таа се претставува со нејзини, компонирано песни, импровизирана музика, џез, современа музика, рок, акустична и електрична. Со активна кариера во Токио, таа ќе го пренесе нејзиното знаење преку континенти, токму во Скопје!
Работилницата е отворен карактер.