Skip to main content
1LNcWgExifY

Промоцијата на песната „Гуш и Бац“, која е вистинска химна за пријателството, љубовта и инклузијата

Со голема радост ве покануваме да ни се придружите на 7-ми декември (сабота) заедно да ја прославиме промоцијата на највеселата и најдругарската песна „Гуш и Бац“, која е вистинска химна за пријателството, љубовта и инклузијата, најавуваат од Здруженето Аутизам ААМК

Што ве очекува?
Дружба исполнета со пејачка радост и игри, каде ќе покажеме дека сите деца, без оглед на нивните разлики, имаат право да се изразуваат, да играат и да бидат дел од сцената.
Премиерно прикажување на видео записот на песната „Гуш и Бац“, создаден со многу љубов и посветеност.
Момент за споделување насмевки, прегратки и радост – затоа што „Гуш и Бац“ е повеќе од песна, тоа е јазикот на прифаќањето и меѓусебната почит.
Кампања за инклузија
Оваа песна и видео се дел од кампањата за подигнување на свеста за прифаќањето на различностите и инклузијата на лицата со атипичен развој.

Каде?
Детали за настанот можете да најдете на линкот на настанот.

Изведувачи и креативен тим
Изведувачи: Мијата, Космонаутко и сите славејчиња
Музика и текст: Весна Малинова
Аранжман: Бојан Димитровски, Наташа Мијат Крстевска
Продуцент: Наташа Мијат Крстевска
Гитара: Стефан Маневски
Бас гитара: Горан Димитровски
Придружни вокали: Димитар Иваноски, Мила Крстевска, Стефан Маневски, Никита Крстевска, Дамјан Иваноски, Лина Маневска и хорот на Златно славејче
Микс и мастер: Бојан Димитровски, Валентино Скендеровски
Аудио инжењер: Ивица Јанкуловски, студио Алшар
Видео продукција: Moonlight TV & Film Production
Благодарност
Голема благодарност до Бобан Јосифовски и тимот на „Златно славејче“, кои секогаш го поддржуваат духот на инклузијата. Благодарност и до нашите пријатели од „Хит Радовиш“, Кинотека на Македонија, и до сите кои помогнаа да ја споделиме оваа приказна.

Соберете го вашето друштво, вашите насмевки и вашата енергија и придружете ни се на овој посебен ден!

Гуш и бац за сите!

Поврзани вести