Skip to main content

Под знак прашање одржувањето на 67. издание на музичките награди „Греми“

Одржувањето на 67. издание на музичките награди „Греми“ закажано за втори февруари е доведено во прашање поради пожарите кои уште беснеат во Лос Анџелес.

„Греми“ е гламурозен настан за славење на најголемите уметници и врвни хитови на изминатата година, но Лос Анџелес има поголеми приоритети во моментот.

Се водат дискусии или да се одложи шоуто на „Си-би-ес“ или да го вртат емитувањето на прибирање финансиски средства. Она што ќе се случува во наредните денови ќе биде клучно, а се размислува за повеќе сценарија.

Во последниве години „Греми“ двапати беа одложени. Шоуто во 2021 година беше преместено од јануари до март поради ковид-19. Греми во 2022 година се соочија со слична судбина, движејќи се од јануари до април, како резултат на варијантата Омикрон на вирусот. Церемонијата во 2022 година беше премесетна во Лас Вегас.

Поврзани вести