
Одбележувањето на Светскиот ден на радиото ќе се одржи утре (четврток, 13 февруари) во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, со почеток во 21 часот.
На настанот, кој е во рамките на „Денови на литературата“, ќе настапи џез-составот Skopje Jazz Inc. Концертот ќе се пренесува во живо на добро познатата фреквенција на „Џез ФМ“ – 100.8 ФМ, како и онлајн на jazzfm.mk.