
В петок, на 31 октомври, во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп со почеток од 18.30 часот целовечерен концерт ќе одржи Октет Прилеп. Гости се: Сашо Башески, Викторија Георгиеска, Дани Даниела. Ќе биде убава вечер со староградска музика, во која публиката ќе ужива.
Октетот Прилеп постои повеќе од 30 години и работи во рамките на ЦК „Марко Цепенков“. Со години ја негува староградската песна и учествува на многубројни фестивали низ Македонија. Досега има издадено неколку албуми.
Резервации на влезници на тел. 078/664 701.

Македонски








