
Четврток, 02.10.2025 | 20:00 ч.
Сала „Благој Стефановски“ Народен театар, Битола
Традицонално и оваа година свечено ќе го отвориме Интерфест – Фестивалoт на класична музика, со изведба на едно од најмоќните дела на 20-от век – „Катули Кармина“ од Карл Орф.
Настапуваат:
• НУ Камерен Оркестар на Битола
• Мешан хор КУД „Стив Наумов“ – Битола
• Диригент на хор: Лилјана Трајковска – Димевски
• Солисти:
Билјана Талевска, сопран
Саша Арсенков, тенор (Србија)
Диригент: Владимир Димовски
За Catulli Carmina од Карл Орф
По успехот на славната Carmina Burana, композиторот Карл Орф во 1943 година ја создава „Катули Кармина“, вториот дел од неговиот триптих Trionfi. Делото е базирано на поезијата на античкиот римски поет Гај Валериј Катул, чии стихови се полни со страст, љубов и еротска експресија.
Музиката е динамична, ритмички набиена и исклучително драматична, со моќна сила на зборот и звукот. Првично напишана за четирирачен клавир и голем ансамбл на ударни инструменти, оваа вечер ќе биде претставена во нова верзија адаптирана за камерен оркестар од Владимир Димовски, која на делото му дава свежа звучна боја и уште поголема концертна привлечност.
Влезот е слободен, но поради ограничениот број на седишта, заинтересираните ќе треба да подигнат билети од портирница од Офицерски Дом од утре (вторник, 30.09.2025) по 12 часот.
Не пропуштајте ја оваа можност да бидете дел од свеченото отворање на Интерфест 2025 и да ја доживеете енергијата на „Катули Кармина“ – музика која го слави животот, љубовта и вечната игра на судбината.