
Авалон продукција ги најави специјалните гости на Best of концертот на „Мизар“, закажан на 3 април во Македонска филхармонија!
Како специјални гости на концертот ќе се придружат: македонскиот византиски хор „Хармосини“, како и Тања Тас и Тања Царовска.
Под мотото „Најдоброто од Македонија”, на концертот ќе бидат изведени теми од целиот богат опус на еден од најкултните бендови, не само во македонската музика, туку и во и за македонската култура; теми од „Мизар“, „Кобна убавина“, ,,Свјат Dreams”,„Детето и белото море“, ,,Поглед кон цветната градина”, ,,Вечна празнина”.

Македонски

