Skip to main content
ОДЛИЧНИ КОНЦЕРТИ ВО „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“

Годините минуваат, но песните на Владо и Бајага останаа чиста романтика

На некои изведувачи годините не им можат ништо. И по повеќе од три децении кариера се чист евергрин. Ова сигурно важи за Владо Јаневски и Бајага кои синоќа одржаа концерти еден по друг во преполниот „Борис Трајковски“. Иако и двајцатa имаат по 65 години, се држат одлично и владеат со сценатата и публиката во ко ја имаше генерации кои не биле родени кога се создадени „Еден бакнеж“, Чаирска романтика“, „Плави сафир“ или пак „Животот е некогаш сив некогаш жолт“.

Прв настапи Владо Јаневски Повеќе од два часа ја држеше публиката со своите песни кои веќе сите ги знаат напамет.

Со својот бенд се веќе добро уиграни, а Владо знае како да се однесува со фановите кои му возвраќаат пеејќи во еден глас од баладите како „Некогаш и негде“ и Ако не те сакам“, до брзите „Повторно се заљубувам во тебе“, „Не заборавај да се сетиш на мене“ и Срце преку небото“, За крај на настапот, Владо ја отпеа најновата песна „Принчипеса“ која полека станува хит.

По настапот на Владо следеше концертот на Бајага и неговите Инструктори.

Кога музичар има толку хитови што и да запее публиката веднаш го препознава и пее заедно со него. Гитаристот Жика Миленковиќ пред секоја песна имаше интересна најава на македонски јазик , а потоа следуваа „20 век“, „Убавата Јања ќерка на рибарот“ или пак „На врвовите на прстите“.

Концертите на Владо и Бајага покажа дека публиката сака добра музика и трајни вредност без разлика дали станува збор за македонски изведувач или пак некој од соседствто, Концертите беа во организација на Авалон продукција.

Поврзани вести