Skip to main content

„Гласот на гајдата“- прв фестивал на гајдата вечерва во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Вечерва во Градската библиотека „Браќа Миладиновци” со почеток од 19 часот ќе се одржи првиот фестивал на гајдата во Македонија. Фестивалот се одржува под мототот „Гласот на гајдата“, а иницијатор и организатор на фестивалот е Стефче Стојковски.

Фестивалот е посветен исклучиво само на гајдата и гајдаџиите, а вечерва ќе настапат неколку генерации на гајдаџии (татковци и синови, дедовци и внуци ).

Фестивалот има ревијален карактер, а влезот е слободен и бесплатен.