Skip to main content

Ексклузивен концерт на Националниот џез оркестар „Кубанска џез-експлозија“ на 16 март во Националната опера и балет

Националниот џез-оркестар на 16 април, со почеток во 20 часот, ќе одржи ексклузивен концерт со наслов „Кубанска џез-експлозија“ (Cuban Jazz Explosion), заедно со светски реномираниот кубански музичар Алан Перез и неговата осумчлена ритам-секција „Ла оркеста“ во Националната опера и балет во Скопје.

Алан Перез е мултиинструменталист, пејач, композитор и продуцент со интернационална кариера. Своето светско признание го стекнал како член на легендарниот состав „Иракере“, под водство на Чучо Валдес, како и преку долгогодишната соработка со фламенко-иконата Пако де Лусија.

Во текот на својата кариера, Перез соработувал со некои од најголемите имиња на светската сцена, меѓу кои Чик Корија, Винтон Марсалис, Селија Круз, Рубен Бладес, Пакито Д’Ривера, Диего Ел Цигала и Исак Делгадо, создавајќи препознатлив звук кој ги обединува салсата, тимбата, џезот и фламенкото во енергична и автентична звучна целина.

Како добитник на престижни Греми и Латин Греми признанија, Перез се смета за еден од најзначајните претставници на современата афро-кубанска музика.

Поврзани вести