
Со концертот „Бајка“ на извонредната Анна Кондратенко, концерт-мајстор и солист на Македонската филхармонија, започна „роденденската есен“ посветена на 45 години постоење на Центарот за култура – Битола.
Во полната голема сала, љубителите на класичната музика уживаа во шеесет минути современа класична магија, во изведба на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија под водство на Кондратенко, со видео изведба на Летиција Кондратенко.
Програмата ги опфати делата “Come in!” („Чукни и влези“) од Владимир Мартинов и “Letters to Friends” („Писма до пријателите“) од Гија Канчели
На почетокот на концертот, директорот на Центарот за култура, Сашо Илковски, им се обрати на присутните, истакнувајќи дека со „Бајка“ започнува роденденската есен исполнета со концерти, изложби, претстави и фестивалски настани кои ќе ја слават уметноста, традицијата и современото творештво.
Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски