Skip to main content

„Миланова игра“- колегите одржаа музички омаж посветен на Милан Завков, еден од најзначајните македонски композитори и културни дејци

Во салата на Македонската филхармонија викендов се одржа концертот „Миланова игра“- музички омаж посветен на еден од најзначајните македонски композитори и културни дејци – Милан Завков.

Дел од неговите најпознати ора и песни прозвучија во нов музички израз, а настапат врвни македонски музички имиња, како Наум Петрески, Сузана Спасовска, Зуица Лазова, Горан Кукиќ и Ленче Кукиќ и инструменталистите Катарина Броња (флејта) и Дино Имери (пијано), придружувани од камерен оркестар составен од истакнати македонски музичари.

Поврзани вести