Вечерва, 27 декември (петок), со почеток од 21 часот, во СЦ Дуња ќе настапи бендот „Yvgoslavia“.
„Yvgoslavia“ е колдвејв/пост-панк дуо со „минималистички“ пристап, а доаѓаат од Шпанија. Нивниот звук, инспириран од минатото, ве освојува уште од првите ноти. Користејќи ритам машина, синтисајзер, бас и гитара, тие создаваат ладна и ефемерна аура. Ова е интимен проект поврзан со експериментирање, промени, непознат идентитет и неуспех. Нивниот втор албум, Zairja, беше издаден во ноември 2024 година под издавачката куќа Oráculo Records.
Влез е препорачана донација за артистите. Повеќе од нивната музика можете да слушнете на следниот линк.