Skip to main content

Јубилејно 40. издание на „Макфест“ од 23 до 25 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип

Од 23 до 25 октомври 2025 година во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“ – најпознатиот фестивал на забавни мелодии во Македонија.

Првата вечер е посветена на дебитантите, а ќе настапат 13 нови изведувачи кои ќе се претстават со оригинални композиции. Втората вечер ќе донесе 14 афирмирани музичари и автори со свои нови песни, додека третата вечер ќе биде ретроспектива на најголемите хитови од минатите децении на „Макфест“, изведени во ново, современо аранжманско руво.

Со четиридецениското постоење, „Макфест“ останува симбол на македонската поп и забавна сцена, место каде што своите први чекори ги направија многу познати пејачи и композитори. Јубилејното издание ќе биде можност за нови таленти да се истакнат, а за публиката – да ужива во златните хитови што ја одбележаа историјата на фестивалот.

Поврзани вести