Skip to main content

„Време на бетон“ дел од офијалната селекција на 13. Нов балкански филмски фестивал во Стокхолм

„Време на бетон“, во режија на Игор Иванов, е дел од официјалната селекција на 13. Нов балкански филмски фестивал во Стокхолм.

„Време на бетон“ ја раскажува приказната за Скопје, поточно неговата архитектонско-урбанистичка историја. Особен фокус е ставен на модерната архитектура, која го следи градот од почетокот на дваесеттиот век, на кусата ера на брутализмот. Авторите на документарниот филм се занимаваат со прашањата: Што е она што доведе до овој подем во време кога е тоа најпрогресивен правец во светската архитектура? Која е неговата вредност, естетска, архитектонска, практична и зошто тој е со децении предмет на политичка конфронтација, идентификација и антагонизам? ‘Време на бетон’ претставува обид да ги деконструира и објасни овие феномени.

Премиерата се одржа во април годинава во МКЦ. Снимен е по сценарио на Игор Иванов и Томи Салковски. Автор на нарацијата која го води филмот е Ѕвездан Георгиевски, а наратор е Никола Ристановски. Соработници на сценариото се Мишко Ралев и Јордан Минов, изборот и изведбата на музиката е на пијанистката Дуња Иванова. Кинематографер е Ѓорѓи Клинчаров, монтажата е на Дејан Смилески, а дизајнот на звук на Игор Поповски. Продуцент е Томи Салковски.

Филмот е направен со поддршка од Агенцијата за филм на Македонија.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom giriş