
Синоќа, низ Широк Сокак во Битола тивко и ненаметливо помина човекот што стои зад највизуелните, најдлабоките и највлијателните филмски кадри на 21-от век. Воли Фистер, добитник на Оскар за кинематографија за филмот Inception, соработник и визуелен мозок зад скоро сите филмови на Кристофер Нолан, од Memento, преку The Prestige, до The Dark Knight и Interstellar.
Фистер е визионерот кој засекогаш го обликуваше јазикот на современиот филм.
Добитник на Оскар и долгогодишен соработник на Кристофер Нолан, тој е овогодинешен лауреат на Специјалната Златна „Камера 300“ за исклучителен придонес во светската кинематографија.