Skip to main content

Во четврток во „Буква Кинооо“ првиот филм на Борјан Гаговски, „Борби со Ветерници“

Во четврток во „Буква Кинооо“ го гледаме првиот филм на Борјан Гаговски, „Борби со Ветерници“

2.4.2026 | 20:00

++по филмот ќе следи разговор со режисерот и дел од тимот на филмот, а потоа *Борјан пушта музика*

Менторката по уметност, Билјана Димитрова, сонува за поинаков свет – свет во кој уште од најрана возраст нè учат да создаваме, да си веруваме себеси и да се грижиме за оние околу нас.

Филмот претставува една година во животот на уметничкиот колектив „Ветерница“, кој работи со деца и лица со атипичен развој на театарски претстави, уметнички инсталации и музички и танцови перформанси. Преку нивните проби и настапи, камерата внимателно ги следи предизвиците со кои тие се соочуваат, но и нивниот креативен и емпатичен педагошки пристап, создавајќи визија за свет во кој од најрана возраст нè учат да создаваме, да си веруваме и да се грижиме едни за други.

Режија: Борјан Гаговски

Камера: Борјан Гаговски, Јована Гаврилоска

Монтажа: Борјан Гаговски, Никола Поповски

Музика: Борјан Гаговски

Продукција: MakeDox

Билетите по цена од 100 денари ќе се достапни на денот на проекцијата, а може да резервирате и на тел. 078 758 704