
Вечерва пред Дом на АРМ во рамките на вториот фестивалски ден на седмото издание на фестивалот на филм и музика „Ѕирни“ , ќе има и две скопски премиери на филмови, и тоа: „Остров“ во режија на Бранко Костески и „Зајак“ во режија на Ханис Багашов.
По проекциите следува разговор со авторите модериран од Дениз Абдула. Покрај проекциите, и како дел од музичката програма во КОТУР ќе се одржи концертна промоција на „Наше после сѐ“ од бендот Занаду.
Во продолжение целосната Програма за 30 Септември (вторник)
Локација: Дом на АРМ
19:30 | Филмски проекции
ОСТРОВ, режија: Бранко Костески 17′
Владо, 40-годишен мизантропски сценарист, живее сам, избегнувајќи човечки врски. На неговиот роденден, неговата сестра го поттикнува повторно да се поврзе со својата средношколска љубов, Сара, која сега е вратена во градот.
ЗАЈАК, режија: Ханис Багашов 20′
Младата режисерка Ева жонглира помеѓу животот и својот прв филм во развој – раскажан од нејзината сопствена фиктивна главна улога – во овој духовит и трогателен портрет.
ON THE WAY, режија: Samir Karahoda 15′
За време на 15-минутно возење со автомобил, едно дете и неговиот татко се вклучуваат во сложена дискусија, давајќи им појасно разбирање за реалноста со која се соочува косовското општество денес.
68 СЕКУНДИ, режија: Итана Вукосављевиќ 9′
Кога нешто потиснуваш, целиот свет се обединува во желбата да те сретне лице в лице со него. Ова е приказна за млад, емоционално неспособен трубач кој на новогодишната ноќ брзо се подготвува за неочекуван настап во блиска градска кафеана. На семафорот, чие зелено светло не успева да го фати, hi ја среќава својата незаборавна љубов со која никогаш целосно не ја решил врската, каде што во 68-те секунди на црвеното светло, повторно не успева да се соочи со себе.
Локација: Котур
20:00 | Концертна промоција на „Наше после сѐ” од Занаду
Фестивалот трае до 6 Октомври на платото пред Дом на АРМ и во Кафе и филм КОТУР.
Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на SИРНИ (www.dzirnifestival.com). Влезот за сите проекции е слободен, но поради органичениот број на седишта потребно е да подигнете билет од КОТУР.
Овогодишното жири кое ќе одлучува за најдобар филм во официјалната и во студентската селекција го сочинува: Кристина Леловац, актерка; Трифун Ситниковски, режисер; и Дина Дума, режисерка.