
Наградата која ја доделува фестивалот „Преку езерото“, а го носи името на актерот-институција, Мето Јовановски, за 2026 година заминува во рацете на уметник кој со години го освојуваше Њујорк, за сега да го доживее најголемиот емотивен триумф – признанието од сопствениот дом.
Тони Наумовски вечи дека првата мисла кога дознал дека е лауреат наградата почувствувал изненадување, но и огромна чест и задоволство.
Секое призание значи, исполнува, мотивира, обрзува и е привилегија посебно кога тоа признание доаѓа од дома. Мето Јовановски е голем мајстор кој што играше во лига на светски шампиони. За жал никогаш немав прилика да соработувам со него но секогаш уживам, се радувам и му се воодушевувам на неговите маестрални актерски остварувања. Фестивалот „Преку езерото“ го слави медитеранскиот и балканскиот филм. Тој е исклучително важнен фестивал. Дојран нуди атмосфера што спојува, вкрстува патишта на многу наши квалитетни колеги од регионот и пошироко, а точката на тој спој е тукму фестивалот. Изминативе неколку години македонските уметници се маестралани и брилираат насекаде во светот, вели Наумовски.

Македонски



