Skip to main content

Кај Сицилија открени остатоци од римски бродолом со стотици амфори

Италијански нуркачи покрај брегот на Сицилија открија остатоци од римски брод со стотици амфори во многу добра состојба, кои веројатно се користеле за транспорт на вино.

Според италијанскиот министер за култура Алесандро Џули, бродот, стара најмалку 2.100 години, претставува „едно од најважните понови откритија во подводната археологија“.

Остаттоците од бродот се пронајдени е на пет километри од брегот на Мазара дел Вало, во западниот дел на Сицилија.

Нуркачи од Полициската управа за заштита на културното наследство во Палермо објавија дека бродот, за кој се проценува дека датира од периодот не преминот од вториот во првиот век п.н.е., го лоцирале на длабочина од 46 метри, по дојава од рибар.

Во објава на социјалните мрежи придружена со видео од откритието, подводниот риболовец Џакомо Де Мола раскажа како наишол на остатоците.

„Видливоста не беше најдобра… Се приближив. И останав без здив. Имаше огромен број амфори под моите нозе“, изјави Де Мола.

Бродот бил долг 21, а широк шест метри. Тој претежно превезувал амфори од типот Дресел 1А, големи и цилиндрични, кои главно се користеле за транспорт на вино.

Поврзани вести