Skip to main content

Бесплатна проекција на филмот „Превртено“ денеска во библиотеката „Другарче“

Во соработка со Кинотеката на Македонија, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје организира бесплатна проекција на македонскиот филм „Превртено“.

Проекцијата ќе се одржи на 10 август, со почеток во 20 часот, во библиотеката „Другарче“.

„Превртено“ е македонска драма снимена според романот „Папокот на светот“ на Венко Андоновски. Режијата е на Игор Иванов – Изи, додека сценариото го потпишуваат Андоновски и Иванов.

Настанот е замислен како вечер на која посетителите ќе имаат можност да откријат како една приказна може да живее и на страниците на книгата и на големото платно.

Влезот за проекцијата е слободен.

Поврзани вести