
Поради сообраќајна незгода, од 06:06 часот утринава во прекин е сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај клучката „Меѓународен аеродром Скопје“, поточно на исклучокот од Скопје кон аеродромот.
Од ЈП Македонија пат информираат дека сообраќајот се пренасочува преку клучка Рафинерија.
Според информациите на „Фактор“, во превртеното возило повредени се неколку лица. Се чекаат повеќе информации од полицијата, која во моментот интервенира.

Македонски



