Skip to main content

Во Драчево вечерва проекција на „Трето полувреме“ во рамки на киното на отворено

Во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево вечерва ќе биде прикажан филмот „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски, во рамки на киното на отворено што го организира Општина Кисела Вода во соработка со Кинотеката на Македонија.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, филмскиот викенд започна синоќа со проекцијата на култниот македонски филм „Бал-Кан-Кан“, а вечерва програмата продолжува со уште едно македонско филмско остварување.

Проекцијата на „Трето полувреме“ ќе започне во 20 часот, а посетителите ќе имаат можност да ја проследат приказната инспирирана од вистински настани, во која настапуваат Катарина Ивановска, Сашко Коцев, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апостоловски, Мето Јовановски, Владо Јовановски и Тони Михајловски.

Од Општина Кисела Вода ги покануваат граѓаните да присуствуваат на филмската вечер, посочувајќи дека влезот за сите посетители е слободен.

Поврзани вести