
Проекција на два филма ќе се одржи вечерва во Кинотеката во Скопје. Во 18 часот ќе биде прикажан „Бумбаровото лето“ во режија на Даниел Кушан, хрватско-српско-македонска копродукција. Еден блесок од небото и таинствен светилник го претвораат обичното лето во незаборавна авантура што ќе ги промени пријателите засекогаш.
Терминот во 20 часот е за норвешкиот „Сентиментална вредност“ на Јоаким Триер кој доби „Оскар“ за најдобар странски филм. Ова е интимна и емотивна приказна за татко и две ќерки кои повторно се среќаваат по години емоционална дистанца. Преку тивки моменти и недоречени разговори, филмот истражува вина, љубов и потребата од простување. Суптилна и меланхолична медитација за семејните врски.
Викенд програма во Кинотека :
СЕНТИМЕНТАЛНА ВРЕДНОСТ (Sentimental Value)
Режија: Јоаким Триер
Земја: Норвешка
Година: 2025
Времетраење: 133 минути
Проекции:
Четврток (19 март) во 20:00
Сабота (21 март) во 20:00
БУМБАРОВОТО ЛЕТО (Bumblebee’s Summer)
Проекција:
Сабота (21 март) во 18:00

Македонски


