
Филмот како уметност на изразот, стилот и мислата – низ перспектива на автори што оставиле силен печат во европската кинематографија.
На 17 април во Europe House Struga, од 19-20.30 часот, ќе се одржи промоција на новата книга на Влатко Галевски „Калиграфи на филмското писмо“ (2025), проследена со разговор со публиката.
Книга за филмскиот краснопис на 12 светски режисери, книга за нивната блискост со архаичните занаети, и книга на “искривување” на реалноста, создавање светови на неслучени средби и разговори што се истовремено фиктивни, но емотивно или симболично вистинити.
Промотор: Златко Ѓелески, филмски критичар
Поканата е отворена за сите што го сакаат филмот и пишаниот збор.

Македонски


