Skip to main content

Прличеви беседи 2026: Премиера на документарниот филм „По стапките на Прличев“ по сценарио и режија на Милчо Јованоски

Деновиве во Охрид падна и последната клапа од новиот документарен филм „По стапките на Прличев“ по сценарио и режија на м-р Милчо Јованоски а во продукција на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид. Снимањето и пост продукцијата им е доверена на Love & Life Studio.

Во Скопје ги реализиравме интервјуата со д-р Анастасија Ѓурчинова, д-р Лилјана Гушевска, д-р Искра Тасевска Хаџи – Бошкова и д-р Александра Ѓуркова.

Снимањето на документарецот започна во Охрид пред околу шест месеци кога пред камера за Прличев од разни аспекти зборуваа и д-р Кристина Николовска, д-р Димитар Пандев, д-р Ала Шешкен, д-р Елизабета Шелева и Маќеј Кавка и м-р Горан Митрески

Последната клапа пред Нова година падна во нашата библиотека со искажувањето за нас и за Прличев на директорката Христина Трпеска.

Филмот ќе ја има својата премиера на манифестацијата ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ 2026.

Поврзани вести