Проекција на „ТРАГИ“ – уметничко видео според истоимениот циклус дела на Горан Ристовски.
Колаборативно дело на: Теодора Ежовска – танц уметница; Раде Гогоски – кинематограф, Дамјан Томоски – композитор, Горан Ристовски – сет дизајн, Кристина Т. Петреска – драматург
Првата резиденција од проектот „Уметникот во заедницата – резиденција и развоен хаб Вишни“, заврши токму пред една година. Делото од ова јануарскоискуство на пресретнување и дијалог помеѓу уметниците и пејзажот, ќе биде претставено во Europe House Struga, вечерва во 20.00 часот.
-Препознавајќи го локалниот пејсаж во графиките и цртежите на Ристовски, како и алармантноста на состојбата на истиот, за време на уметничкиот престој сеобидовме да го оживееме тој сетинг во директен однос со пејсажот преку динамично видео низ кое не водат уметничките танцови потези на Ежовска.Климатските промени, прекумерна експлоатација на ресурсите, доминацијата на човекот врз природата, непрепознатлива трансформација на пејзажот за сметка на урбанистичките и капиталистичките апетити, беа темите во фокус на дискусијата помеѓу уметниците, при создавањето на уметничкото видео „Траги“, велаторганизаторите.
„Уметникот во заедницата – резиденција и развоен хаб Вишни“ е имплементиран од партнерите ИНКА и Minipogon Белград, поддржан од „Култура и креативност за Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија, со цел да поттикне дијалог во Западен Балкан, со јакнење на културниот и креативен сектор за зголемување на социо- економскиот импакт.