
Британскиот актер Теренс Стемп, една од најпрепознатливите фигури во филмската историја и незаборавен негативец од Холивуд, почина на 88-годишна возраст, потврди неговото семејство.
Остави зад себе исклучително дело, како актер и како писател, кое ќе продолжи да инспирира и во иднина. Ве молиме за приватност во овие тешки моменти“, соопштија неговите најблиски.
Стемп се прослави како генералот Зод во првите два филма за Супермен.
Во кариерата оствари речиси 100 филмски и телевизиски улоги, снимајќи го последниот филм во 2021.
Во 1965 ја добил наградата за најдобар актер на Канскиот фестивал за „Колекционер“, а откако не успеал да го замени Шон Конери во улогата на Џејмс Бонд, почнал да глуми во италијански филмови, при што соработувал и со Федерико Фелини. Потоа се повлекол од јавноста за да учи јога во Индија, а на големата сцена се вратил со улогата на негативецот генерал Зод во „Супермен“ од 1978 и во продолжението од 1980.