Skip to main content

Во Кино Манаки денеска проекција на детскиот филм „Клинци каубојци“

Во рамките на новата филмска сезона во киното „Манаки“ во Битола, вечерва во 18.30 часот ќе има проекција на детскиот филм „Клинци каубои“. Две сирачиња од Ирска тргнуваат на возбудливо патување со воз до Њујорк за да го сретнат својот вујко и да го побараат неговото наследство. Додека се спријателат со гувернантата која се грижи за друга група деца, тие се соочуваат со ненадеен напад од бандити.

Филмот е синхронизиран на македонски јазик, влезница чини 150 денари, а може да се купи на билетарницата, еден час пред проекцијата.

Поврзани вести