
Среќен сум што сум овде вечерва, Срцето ми е полно. Ја чуствувам вашата љубов вечерва и верувајте дека искрено и на ист начин ви се заблагодарувам на дочекот на големиот аплауз и на искреноста. Драго ми е што ја добив оваа награда која го носи името на големиот актер Мето Јовановски и благодарам што вечерва и тој е со нас на еден симболичен начин. Сметам дека ваквите фестивали се мошне важни. И јас сум основач на еден ваков фестивал во моето родно место и знам колку е важен за средината и за луѓето кои живеат таму и кои доаѓаат таму. Дојран е туристичко место каде доаѓаат луѓе од сите страни и за нив многу значи. Фестивалите се можност за луѓето кои вообичаено не одат во кино, да дојдат и тука да ги видат филмовите, рече Ристовски кој се заблагодари за доделената награда и посака и следните години да доаѓа во Дојран на „Преку езерото“ како гостин и гледач.
Наградата на лауреатот му ја врачи градоначалникот на Дојран, Анго Ангов кој истакна дека му е голема чест и задоволство што токму Дојран е домаќин на фестивалот „Преку езерото“, а ја лауреатот говореше директорот на фестивалот, Јани Бојаџи.
Драги мои, да не ве разочарувам, но морам да ви кажам нешто во доверба. Мене, исто во доверба ми го кажа Дедо Мраз, кога преправен во актер со име Лазар и презиме Ристовски ми рече дека на крајот од дваесетиот и почетокот на дваесет и првиот век го сретнал Дедо Ное и му рекол дека мора да му каже – без го разочара дека: “иднината е подеднакво заебана како и минатото. Ете така?!“ Верувале вие или не, тоа не се реплики од филм, туку реченици од животот кој за себе си кажува дека е филм. За мене и за мојата генерација Лазар Ристовски беше еден од оние соништа во кои на крајот од сонувањето не разликувавме што е сон а што вистина? Што е минато а што иднина? И што е, извинете на репликата, “позаебано од двете“? Припаѓам на она генерација на вљубеници во филмот во Југославија кои од актерот Лазар Ристовски сме се учеле за тоа што е филм, што е актерство и уште повеќе што е високо актерско достигнување! Се учевме и паметевме, треперејќи над секоја негова пауза, над секоја тишина, над секој кажан и некажан збор со сила на времето што одминало. Но за среќа и со силата на времето кое допрва доаѓа! Лазар Ристовски ја има таа ретка моќ со јазикот на актерството денеска да збори како да е вчера, за настани што можеби ќе се случат утре. А некои од неговите актерски достигнувања можат да се наречат и пророчки!
“Протестујем господине – И ја протестујем друже – Нисам ја друг господине – Ни ја нисам господин друже – Ко сте ви, усташа, четник, партизан? – Ја сам Петар Попара Црни – Којој војсци припадате? – Мојој. – Има ли неко изнад вас? – Има. Моја земља. Маму ти јебем фашистичку!“
На нашите студенти за феноменот на актерството им зборуваме со години, но на почетокот и на крајот од се – доволно е да научат дека високо достигнување во уметноста на актерството на филм е кога реплики од филм што ги кажал некој актер станале јазик со кој вие комуницирате како да се тоа ваши зборови – кои сте ги смислиле тука и сега, во моментот додека ги кажувате. И тие, сепак, само реченици кажани од актер, сте ги повториле на толку места, и во толку прилики и толку пати што во еден момент станува нејасно дали се тоа ваши зборови или актерски изведби, во овој случај на актерот Лазар Ристовски?! Лазар Ристовски има одиграно повеќе од осумдесет улоги на филм и телевизија, во сите жанрови, на сите јазици на некогашната заедничка земја. Играше на српски, играше на англиски, на француски, на германски, a во филмот “Бело одело“, иако сите знаеме дека пишува “Не нагињи се кроз прозор“, тој висеше од надворешната страна на возот во движење се додека на сто јазици не кажа “Те сакам“! Во Македонија играше на македонски во филмовите “Јазол“, “Хајка“ и “Збогум на дваесетиот век“. Но, она што е поважно е дека Лазар Ристовски во сите свои карактери играше со јазикот на љубовта, играше на јазикот на среќата, играше на јазикот на тагата, играше на јазикот на надежта, за сите разбирлив како универзален јазик на уметноста на филмот. Му благодарам на мајсторот на филмот Лазар Ристовски кој со своето актерско, но и човечко достигнување направи во светот на филмот соништата на илјадници деца, илјадници тинејџери, илјадници студенти, а подоцна илјадници филмаџии по овие балкански и медитерански светови на сонот да создаваат свет составен одприказни за тоа како се расте, како се живее, како се страда, како се љуби, и како се создава свет на идеали, свет на совршената причина да постоиме и да создаваме свои соништа во форма на подвижни слики! Нека му е честита “Наградата “Мето Јовановски“ за високо актерско достигнување во уметноста на филмот“, рече Бојаџи.